Германија има најголеми шанси да го освои Европското првенство 2024 година, според најновите прогнози на обложувалниците.
Германија е фаворит со 20% шанси да дојде до пехарот, додека втора е Шпанија со 19,2%. Англија е со 17,5% шанси за освојување на пехарот, иако Англичаните беа едни од главните фаворити пред почетокот на турнирот.
Следни се Франција 15,2%, потоа Португалија 9,8, Холандија 9,1%, а на последните две места се Швајцарија 5,9% и Турција со 3,1%.
Веројатно поради домашниот терен и се даваат најмногу шанси на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА