Не се снајде во Барса, па потпиша за ПСВ Ајндховен

Лук де Јонг се врати назад во ПСВ Ајндховен потпишувајќи договор со клубот во кој ги мина најдобрите денови во кариерата, пред да се пресели во Севилја во 2019 година.

Холанѓанецот не се снајде најдобро во Севилја, а беше далеку од посакуваната форма и во текот на минатата сезона што ја мина во дресот на Барселона. Тој најчесто шанса добиваше како резерва, беше јасно дека каталонците нема да го откупат неговиот договор летово,по што Де Јонг реши да се врати назад во татковината.

„Повторно сум дома и чувството е навистина фантастично. Сакам да постигнам многу голови за ПСВ и целиот стадион да биде на нозе, да прославуваме заедно. Во сите години додека играв за ПСВ се боревме за титулата, сакам тоа да биде случај и годинава. Голема желба ми е повторно да настапувам во Лигата на Шампионите“, изјави Лук де Јонг.

Се вчитува...