Дони ван де Бек пристигна во редовите на Манчестер Јунајтед како големо засилување од Ајакс, меѓутоа Холанѓанецот кој доминираше во дресот на клубот од Амстердам не успеа да се наметне во тимот на Оле Гунар Солскјер покрај Пол Погба и Бруно Фернандеш.
Сега 24-годишникот е на излезните врати од „Олд Трафорд“, а неговата следна дестинација се очекува да биде „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за услугите на играчот од средниот ред, а е подготвен да плати и два милиони евра за позајмицата на репрезентативецот на Холандија.
Ван де Бек беше желба на „кралскиот клуб“ и претходното лето, но во трката за тогашниот играч на Ајакс победи Манчестер Јунајтед. Овој трансфер ги чинеше „црвените ѓаволи“ 40 милиони евра, а доколку ги задоволи барањата на Карло Анчелоти најверојатно ќе заврши со клубот од Манчетсер и ќе стане и играч на „белите“ следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА