Не се враќа во Европа: Кампацо потпиша за Далас

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо е нов кошаркар на Далас. Иако имаше шпекулации дека ќе се врати во Европа, па дури се споменуваше и Партизан како негова следна дестинација, сепак 31-годишниот кошаркар се одлучи да остане во НБА Лигата, и од Денвер да се пресели во Далас, каде ќе игра заедно со Лука Дончиќ.

Кампацо мина шест сезони во Реал Мадрид, пред да се пресели во НБА во 2020 година. После две години минати во Денвер, сега ќе го носи дресот на Далас. Минатите две сезони во НБА имаше 20,1 минути во просек, 5,6 поени во просек во одиграни 130 натпревари за Денвер.

Се вчитува...