Не штеди само газдата: Ѕвездите на Јунајтед молеа фанови во Малезија да им платат за скутер (ВИДЕО)

Проблемите со кои се соочува Манчестер Јунајтед во последните години не се само на теренот, туку и во раководството на клубот кое по превземањето од страна на милијардерот Џими Ретклиф „штеди на сите страни“ поради големите финансиски загуби.

Англискиот гигант само што ја заврши една од најразочарувачките во долгата клупска историја не се одлучи да го користи летото за одмор и регенерација на силите, туку веднаш замина на турнеја во Малезија каде го загуби првиот пријателски натпревар.

Ѕвездите на Манчестер Јунајтед не беа топло пречекани од страна на своите навивачи во оваа држава по поразот, но и покрај тоа мораа да ги молат за помош. Имено, со цел полесно да го прошетаат Куала Лумпур, дел од фудбалерите се одлучија да искористат електирчни скутери кои работат само на апликација достапна за операторите во Индонезија.

Видео снимките кои кружат на социјалните мрежи веднаш станаа хит и донесеа лавина на интересни коментари како „Џим не може да си дозволи ниту скутери за момците“, „Дури ни Барселона не беше толку сиромашна“, „Срање оваа омаловажувачка тура станува се подобра и подобра“…

Се вчитува...