„Не сме фаворити против Вардар, шансите се 50-50“

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре на домашен терен ќе ја пречека швајцаркса Лозана во првиот натпревар од двомечот во 2. коло од квалификациите во најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Тренерот на Швајцарците, Петер Цајдлер на официјалната прес-конференција изјави дека тој и неговите фудбалери не се чувствуваат за фаворити на утрешниот меч.

„Нема фаворит. За мене секогаш пред натпреварот шансите се 50-50, па така и против Вардар. Ќе има и реванш, па нема фаворит на натпреварот. Се надеваме дека утре ќе имаме добар меч. Во изминатите две недели го анлизиравме Вардар, очекуваме силен противник утре. Во Швајцарија има многу Македонци што играат и што живеат. Сите добро го знаат Џани Алиоски. Очекуваме добра игра и фер натпревар. Од тоа што го видовме на мечот со Сан Марино, очекуваме жестока игра со доста офанзива, а резултатот ќе го знаеме наредниот четврток по реваншот“.

Се вчитува...