„Не сме работеле системски… Имаме несоодветна инфраструктура… Фудбалер се станува на терен, не на трибина!“ (ВИДЕО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во гостувањето на „ПРЕСИНГ“, низ разговорот со Дарко Панчев, меѓу другото го сподели својот став и околу инфраструктурната фудбалска покриеност во Македонија која и тоа како е значајна за развојот на младите фудбалери.

Но, како што вели Омерагиќ, грешката кај нас е што имаме несоодветна инфраструктура. На фудбалерите и клубовите во локалните заедници им се неопходни терени, помошни игралишта – места таму каде што се станува фудбалер.

„Кај нас треба да се работи системски. Ние имаме еден проблем, основен, тоа е инфраструктурата, терените. Ние мислам дека прво како држава и како федерација, успехот што го направивме со пласманот на Европско првенство не го валоризиравме. Тој е навистина историски и голем успех. Меѓутоа, после тоа ние немаме бенефит од тоа. Ние не го пропагиравме фудбалот меѓу младите. Ние не инвестиравме во инфраструктура, ние погрешни одлуки донесовме, инвестиравме во трибини. Ние мораме со локалните самоуправи и со клубовите коишто гравитираат во тие општини да разговараме и да општините каде има земјиште да се направат терени. Фудбалер се станува на терен, не се станува на трибина“ – рече Омерагиќ притоа дополнувајќи:

„Конкретно, последните инвестиции на Фудбалската федерација на Македонија. Во Охрид можам да прифатам дека е потребно да се направи трибина, за да Охрид не биде алтернативен стадион, има аеродром, има хотелски капацитети и во ред е да имаме стадион таму од шест-седум илјади капацитет. Меѓутоа, не гледам причина во Кичево да градиме трибина за две-три илјади публика, каде што имаме третолигаш. Во ред е да се инвестирале пари во Тетово, во Гостивар, каде што имаме прволигаши, па да малку еве инвестираме. За тие пари, за тие четири и пол милиони колку што се тие две трибини, претходното раководство што ги договорило, јас ве убедувам дека ние можевме да направиме преку дваесет, дваесетипет терени“.


==================================================

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ СО ДАРКО ПАНЧЕВ“ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...