„Не смеевме да го пуштиме Мотли да си замине“

Џонатан Мотли деновиве е топ тема во кошаркарските кругови во Европа. Американецот самоиницијативно го напушти Хапоел Тел Авив, се шпекулираше дека ќе замине во Црвена Звезда, но и тоа беше демантирано од првите луѓе на белградскиот тим.

Мотли се поврзува и со Фенербахче за кој настапуваше две сезони, а поранешниот турски кошаркар Ибрахим Кутлај смета дека Фенер згрешил што се откажал од Мотли.

„Не требаше да го пуштиме Мотли. Нема играчи како него на пазарот. Играше добро под водство на Итудис, потоа беше добар и кај Шарас. Очекував да биде покорисен, но тој си замина и тимот сега бара друг центар“, изјави Кутлај.

Се вчитува...