ЕКИПА во Букурешт,
Роберт Спасовски (ВИДЕО)
И денеска не стивнува црвено-жолтата еуфорија во центарот на Букурешт. И ден по поразот од Австрија на стартот од Европското првенство, македонската песна ечи во локалите и рестораните во стариот град на Букурешт, кои и натаму се во знакот на црвената боја.
Македонските навивачи порачуваат дека, без разлика на резултатски лошиот старт, до крај ќе бидат со силна поддршка за репрезентативците.
„Остануваме до крај тука. За нас е огромен успехот што сме тука на Европското првенството. Веруваме дека фудбалерите ќе играат подобро против Украина и до прв позитивен резултат. За нив е потребна сега уште поголема поддршка, без разлика што и како ќе биде понатака до крајот на шампионатот“ – велат македонските фанови присутни во Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА