Фудбалерот на Партизан Бибрас Натхо е шокиран од однесувањето на противничкиот играч, Марко Гобељиќ. Дефанзивецот на „црвено-белите“ по победата на пеналите се соблече гол пред голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ како одговор на изјавата на играчот на „црно-белите“ пред мечот во која вели дека доколку загубат тој може „јавно да биде силуван“.
„Не победивме и тоа е во ред. Но, мора да имате барем минимум почитување кон фудбалот и играчите. Тоа што го направи фудбалерот со број 77 е срамно. Срам ми е што го делев теренот со него. Тој заслужува суспензија од најмалку десет меча“, изјави Натхо.
Gobeljić skinuo gaće ispred Stojkovića kao odgovor na izjavu pre finala Kupa… pic.twitter.com/TwJYbM3Qvp
— Miloš Simanović (@MilosSimanovic) May 25, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА