„Не сум херој … Бев затворен во соба, сакав да го скршам прозорецот и се да заврши“

Синиша Михајловиќ за прв пат отворено говореше за процесот на хемотерапија во борбата против леукемијата.

„Имав 13 хемотераписки третмани во пет дена, но после третиот веќе сакав се да уништам. Првиот круг беше најлош, имав напади на паника бидејќи бев заклучен во соба. Не можев да излезам и сето тоа ме полудуваше. Сакав да го скршам прозорецот со столица, но мојата сопруга успеа да ме спречи во тоа“, изјави Михајловиќ. 

Во текот на терапијата голем број спортисти во светот му упатуваа зборови на подршка на легендарниот Миха, зборови на кои тој е благодарен, велејќи дека му помогнале во борбата за победа на болеста.

Се вчитува...