„Не сум Италијанец, но не можев да спијам по поразот од БиХ“

Легендарниот германски фудбалер и тренер Јирген Клинсман остро ја коментираше состојбата на италијанската репрезентација откако таа повторно не успеа да се квалификува на Светското првенство.

Клинсман, кој има посебен однос со Италија бидејќи некогаш играл за Интер, а чиј син моментално брани за Чезена, не криеше во интервју за Раи Спорт колку бил погоден од неуспехот на „аѕурите“ по поразот од Босна и Херцеговина во Зеница.

„Многу страдав со моите италијански пријатели во Лос Анџелес. Не можев да спијам таа ноќ. На Италија и недостасуваат лидери, играчи кои можат да ги поминат противниците еден на еден, но и самодоверба кај младите“, рече Клинсман.

Се вчитува...