Тајсон Фјури му одговори на Ентони Џошуа, кој неодамна изјави дека во рингот ќе го нападне агресивно и дека ќе му ја „откине“ главата од рамото. Овој бокс меч е најавен, но се’ уште не е официјално потврден и прецизиран., но препукувањата меѓу двајцата асови веќе почнаа.
„Убава изјава, но тоа не значи ништо. Луѓето зборуваат за најразлични работи, но потоа не ги реализираат во дела. Никогаш не сум го видел како тој зема нечија глава од рамениците на неговите противници. Тоа значи дека Џошуа повторно лаже. Ќе видиме дали има храброст да биде толку агресивен додека сум во рингот пред него. Не верувам дека има”, рече Фјури.
Ова е потенцијално најголемата борба што може да се случи во 2021 година. Џошуа има три, а Фјури една титула во тешка категорија, така што овој натпревар ќе одлучува за апсолутен шампион во тешка категорија.
„Оваа борба се најавува долго време, се надевам дека сега конечно ќе се случи. Можеби тој ќе побегне, можеби ќе прифати, во секој случај, нема сценарио во кое тој може да победи. Последните борби на Ентони беа премногу слаби. Мислам дека ќе го победам многу рано, во првата или втората рунда”, самоуверено рече Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА