„Не сум запознал поголема кукавица од Манчини… тој е лажго со психички комплекс“

Италијанскиот стратег Роберто Манчини го прифати предизвикот да биде селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија, а и покрај тоа што започна со победа од 2-1 над Оман во Азискиот куп наиде на жестоки критики од страна на поранешниот репрезентативец на оваа држава, Јасер Ал Кахтани кој зад своето име има 112 настапи и 42 постигнати голови.

Манчини го наметна својот авторитет од самиот почеток, исфрлајќи тројца репрезентативци бидејќи одбиле да бидат дел од тимот бидејќи нема да играат од првата минута. Италијанецот го откри ова на пресконфереција велејќи дека тој ќе биде тој кој одлучува кој ќе игра, а кој не, но според поранешниот репрезентативец постои подлабока приказна од таа која ја откри Манчини.

„Не сум запознал поголема кукавица од Манчини. Не заслужува да ја води репрезентацијата. Тој е кукавица кој нема почит и има психички комплекс. Квалитетен лидер мора да штити тие кои ги води. Манчини исфрли играчи кои се заслужни за саудискиот фудбал. Зошто говори за нив во пресрет натпреварот со Оман кога состанокот со нив беше пред месец и пол.

Тој лаже. Ги прашал играчите дали се среќни поради тоа што тој ќе биде предводник на клупата. Нормално дека му рекле „не“. Играч кој не го кажал тоа не е амбициозен и не заслужува да биде дел од репрезентацијата.

Манчини ги оптужил играчите дека им недостасува љубов кон татковината. Никој не смее да го прави тоа. Ќе започнам истрага за да проверам што кажал. Мислам дека на крајот ќе сака да си замине од репрезентацијата“, вели Ал Кахтани.

Се вчитува...