ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Македонија и Шпанија се сретнаа во групната фаза и од последниот ракометен Мундијал, кога во рамките од четвртото коло нашите ракометари одлично им се спротивставија на моќните Шпанци во Мец.
Натпреварот беше неизвесен до десет минути пред крајот, кога Шпанците се одлепија и на крајот славеа со 29-25, но најубави моменти на оваа средба беа двата македонски цепелини кои Кире Лазаров ги реализираше во два напади по ред (по еден на асистенција на Манасков и на Георгиевски), за супер-атракција против една од најдобрите одбрани во светскиот ракомет.
Останува да се види дали и вечерва ќе бидеме сведоци на вакви атракции од македонските ракометари против актуелните европски шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА