„Не треба да првите сапуница околу Роналдо, не заборавајте тој е најдобар стрелец“

Фудбалерот на португалската репрезентација Бруно Фернандеш, го коментираше однесувањето на својот соиграч Кристијано Роналдо кога ја фрли капитенската лента после натпреварот со Шпанија, кој „фуријата“ го доби со 0-1, и се искачи на првото место на табелата.

Капитенот на Португалија после натпреварот во нервоза ја фрли капитенската лента, што ја повтори сцената од Белград.

„Кристијано е напаѓач и сака да постигнува голови. Разочарувањето е нормално, тој беше разочаран како и сите други. Нема потреба да се прави сапуница околу него. Го направи тоа што требаше, а головите ќе дојдат. Кога ќе дојдат тие, ќе биде посмирен и ќе продолжи да постигнува голови. Не заборавајте дека ова е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата“, изјави Бруно.

Се вчитува...