Не требаше многу: Мурињо го обвини судијата, па побегна од прес-конференцијата

Жозе Мурињо беше симпатичен за италијанската јавност пред стартот на сезоната и додека Рома победуваше, но само два порази беа доволни за Португалецот да го покаже и своето второ лице – вината за неуспесите барајќи ја на друго место.

Рома денеска загуби од Лацио со 3-2, меч во кој „волчицата“ беше во негатива уште од 10. минута, но „специјалниот“ веднаш по мечот за поразот го обвини судијата.

„Резултатот требаше да биде 1-1, но судијата немаше храброст, направи грешка што ние ја плативме со примен гол. Исто така, Лукас Леива требаше да добие втор жолт картон, за старт сличен на неговиот минатото коло поцрвене Пелегрини. Доминиравме и заслуживме да израмниме, но Лацио си го трошеше времето во завршницата затоа што судиите тоа им го дозволија“, изјави Мурињо, пред да ја напушти прес-конференцијата.

Се вчитува...