Почина Мирчеа Луческу, познатиот романски тренер и поранешен капитен на националниот тим. Почина попладнево на 80-годишна возраст, информираат романските медиуми.
Луческу заврши во болница на 29 март, откако му се слоши за време на тренингот на романската репрезентација. Тоа беше три дена откако неговата репрезентација беше елиминирана од квалификациите за Светското првенство од Турција.
Луческу веднаш поднесе оставка од функцијата селектор. Лекарите утврдија дека има проблем со срцето, а пет дена откако заврши во болница, доживеа срцев удар и беше ставен во индуцирана кома. Набргу потоа, неговото тело престана да реагира на лековите, па тој денеска почина.
Луческу го освои Купот на УЕФА со Шахтјор, а беше капитен на Романија на Светското првенство во Бразил во 1970 година. Беше и тренер на нивниот деби настап на Европското првенство во 1984 година. За време на неговата долга кариера, тој водеше бројни клубови во Италија, Турција, Украина и Русија, а беше и селектор на турската репрезентација.
Како тренер, остави најголем белег во украинскиот Шахтјор, кој го водеше од 2004 до 2016 година и со кој го освои Купот на УЕФА во 2009 година, денешна Лига Европа. Тимот од Доњецк го водеше на 573 натпревари, според официјалните податоци.
Во таа кампања за европскиот трофеј, тој му ја довери капитенската лента на хрватскиот репрезентативец Дарио Срна. Се врати на романската клупа за да се обиде да ја предводи репрезентацијата до пласман на Светското првенство оваа година во Канада, САД и Мексико. Но, не успеа во тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

