Не успеаја со Винисиус, па Саудијците ја купија ѕвездата на германскиот првак

Виктор Бонифејс, еден од најбараните напаѓачи во Европа, во наредниот период кариерата ќе ја продолжи во Ал-Наср. Трансферот означува уште еден голем потег во се поголемиот број фудбалски ѕвезди кои се преселуваат во Саудиска Арабија, која станува се поатрактивна дестинација за врвните играчи.

Наводно е веќе постигнат договор помеѓу двата клуба за трансфер, па така се очекува наскоро Бонифејс да се пресели во Ал НАср.

Тренерот на германскиот првак, Чаби Алонсо потврди дека Бонифејс нема да биде дел од Баер Леверкузен на утрешниот меч со Спарта Прага, затоа што трансферот практично е готова работа.

„Таква е ситуацијата, и целосно ја разбирам. Разговорите се во тек, и треба да почекаме. Ние продолжуваме да се подготвуваме без Бонифејс“, истакна Алонсо.

Леверкузен ќе ја добие сумата до 50 милиони евра која ја побара за Боинифејс. Претходно клубот се обиде со Винисиус, за кого имаше информација дека нудат 350 милиони евра.

Се вчитува...