Елиф Елмас засега останува во Наполи, но неизвесно е дали македонскиот „дијамант“ ќе остане подолг период во редовите на италијанскиот првак поради застојот во преговорите за нов договор со „наполитанците“. Лајпциг е германскиот клуб што во изминатиет денови тргна во офанзива за потпис на Елмас, но Де Лаурентис денеска и официјално ја одби понудата од 30 милиони евра за наиот репрезентативец.
Германците во Елиф гледаа идеален наследник за Доминик Собослаи, кој летово се пресели во Ливерпул, но Де Лаурентис оцени дека сумата што ја нудат е недоволна за да даде зелено светло за заминуцање на македонскиот репрезентативец.
Како што јавува „Кориере дело спорт“, одбиената понуда на Лајпциг нема преголемо влијание врз долгорочната иднина на Елмас. Актуелниот договор на Елиф истекува во јуни 2025 година, а преговорите за продолжување на соработката засега не даваат плод. Доколку наскоро не дојде до пресврт и потпис на нов договор, Де Лаурентис најдоцна до следното лето ќе се ослободи од Македонецот и дефинитивно нема да дозволи без отштета да го напушти клубот. А не се исклучува ниту можноста тоа да се случи летово, ако некој од заинтересираните клубови понуди повеќе од 30 милиони евра за „дијамантот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

