НЕ за Лингард: Њукасл има пари, но шеиците не сакаат некој да ги прави будали

Њукасл е во офанзива по нови засилувања за јануарскиот преоден рок кои би помогнале во борбата за опстанок, но „црно-белите“ никако не успеваат да договорат нови имиња. Една од желбите на клубот со најбогати газди во европскиот фудбал беше Џеси Лингард, но овој трансфер нема да се реализира поради нереалните барања на Манчестер Јунајтед.

Имено, Јунајтед барал 2,5 милиони фунти за позајмица за наредните пет месеци, во која Њукасл целосно би ја покривал платата на Лингард. Покрај тоа, Њукасл би морал да плати и бонус од 12 милиони фунти доколку опстане во лигата, клаузула што го направила договорот неприфатлив за „црно-белите“. Лингард има договор со Јунајтед само до крајот на сезонава, па Њукасл би плаќал по околу еден милион фунти неделно (доколку опстане) за играч што летово сепак би можел да си замине, солуција што е апсолутно неприфатлива за богатите арапски газди на клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Лингард начелно се имаше согласено на преселба во Њукасл, па англискиот репрезентативец сега е бесен на управата на Јунајтед. Претходно преговорите со Тотенхем и со Вест Хем беа блокирани со образложение дека тој не смее да се пресели во директен ривал во борбата за Топ4, а по нереалните барања од Њукасл сега на Лингард му е повеќе јасно дека ќе мора да ја грее клупата на „ѓаволите“до крајот на сезонава, а потоа без никаква отштета да си замине од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...