Тенискиот тренер и аналитичар Патрик Муратоглу се осврна на неодамнешната изјава на Карлос Алкараз.
Во Индијан Велс Алкараз беше елиминиран во полуфиналето од Џек Дрејпер, а по таа средба изјави дека повеќе е фокусиран на Британецот отколку на себе.
Муратоглу го коментираше ваквиот став на Алкараз, признавајќи дека изгубил малку фокус и самодоверба.
„Негов избор е да го каже тоа. Не знам дали беше добро или не. Ако тоа му помогне да излезе од својот систем, да признае, зошто да не? Повеќето други играчи не би го кажале тоа. Ќе видиме како ќе игра сега откако го кажа ова. Ќе видиме дали ќе почувствува помал притисок сега кога ја призна својата слабост“, рече Муратоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА