Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд не пропушти шанса да испрати критики до својот некогашен тим за играта на дуелот против Евертон.
Тој верува дека не може да прости кога гледа незалагање и немање желба од страна на играчите. Фердинанд вели дека во одреден дел од мечот, играчите на Манчестер требало да учат од противничките фудбалери на Евертон.
„Не знам дали сум го видел Манчестер Јунајтед волку слаб. Од секој аспект на играта е срамен. Може да се зборува дали има квалитет или не, но не можам да простам немање борба, немаање желба и неможност да се изврши притисок врз противниците. Имаше моменти кога Манчестер Јунајтед требаше да гледа од примерот на Евертон. Вака не може да продолжи овој тим. Имаше позитивни моменти, меѓутоа во целина ова не изгледа добро“, изјави Фердинанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

