„Не знам што чека Јунајтед, треба веднаш да тргне по Тухел – ваква шанса не се пропушта“

Манчестер Јунајтед не треба многу да чека, туку веднаш да тргне во офанзива за да го осигура потписот на Томас Тухел за нов менаџер почнувајќи од наредната сезона. Ова го порачува поранешниот англиски репрезентативец Џејми Карагер, кој смета дека „црвените ѓаволи“ со распадот на Челси добиле шанса што никако не смеат да ја пропуштат.

Јунајтед досега беше поврзуван со бројни стратези, во прв план беа Покетино и Тен Хаг, но Карагер во својата колумна за „Дејли Мејл“ јасно става до знаење кој е стратегот што според него треба да го води гигантот од „Олд Трафорд“.

„Манчестер јунајтед неочекувано доби шанса да ангажира врвен стратеег. Со оглед на случувањата во Челси, сега Јунајтед е во одлична ситуација, на крајот од сезонава да го доведе Томас Тухел, кој е актуелен добитник на наградата за тренер на годината на ФИФА. Тухел, како и сите останати на „Стемфорд бриџ“, нема претстава што ќе се случува, никој не може да му даде гаранции околу силата на тимот за следната сезона. Ако му се укаже шанса да преземе клуб како Јунајтед, верувам дека ќе ја прифати“, порачува Џејми Карагер.

Се вчитува...