ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски
Бекот на ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу ја обезбеди титулата прв стрелец во Лигата на шампионите сезонава. Романската репрезентативка со шесте гола во полуфиналето против Ѓер стигна до вкупно 107 и на голгетерската листа ја престигна Ивета Лузумова од тимот на Турингер која остана со 105 гола. Трета е Вероника Кристијансен од Митјиланд која заврши со 91 гол.
За разлика од Лузумова и Кристијансен кои веќе го завршија настапот, Неагу има шанса да го зголеми вкупното салдо и на утрешниот натпревар во кој ЧСМ Букурешт ќе игра против Ростов Дон за 3.место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА