ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски
Кристина Неагу е првата ѕвезда во романскиот ЧСМ Букурешт и актуелната најдобра ракометарка во светот. Од нејзината игра во многу зависи и резултатот на романскиот тим и шансите ЧСМ Букурешт да го повтори успехот од 2016 кога станаа европски шампионки. Од следната сезона во ѕвездениот тим на ЧСМ Букурешт на Неагу ќе и се приклучат и четири ракометарки од актуелниот состав на Вардар – Лекиќ, Радичевиќ, Цвијиќ и Лазовиќ. Но, романската репрезентативка вели дека сега Вардар не и е во фокусот, иако истакнува дека ова е последна шанса за Вардар во овој состав да дојде до титулата, но последна шанса и за ЧСМ Букурешт да го потврди својот квалитет со актуелните сили.
„Сега не размислувам многу за Вардар, бидејќи сезонава воопто досега со нив не одигравме ниеден меѓусебен меч. Неколку ракометарки од Вардар ќе ни се придружат следната сезона во ЧСМ Букурешт. И за Вардар можеби ова е последна шанса во овој состав да направат голем резултат. Но исто така, ова е последна шанса и за нас да го направиме да го оствариме тој резултат со овој тим бидејќи дел од ракометарките си заминуваат на крајот на сезоната. Сега сум комплетно фокусирана на нашиот тим и на утрешниот меч против Ѓер. Потоа ќе видиме…“ – вели Неагу.
На падот до посакуваното финале, ЧСМ Букурешт утре во полуфиналето на Ф4 турнирот во Букурешт ќе треба да го мине првиот голем предизвик – актуелниот шампион Ѓер кој и годинава ќе ја има предноста на домашниот терен и поддршката од своите навивачи.
„Се стратува од 0-0. Не го гледам ЧСМ како фаворит, но ниту Ѓер во овој меч. Шансите за финале ни се еднакви. Можеби Ѓер има мала предност затоа што играат на домашен терен, впрочем, тие секоја сезона играат дома и имаат голема поддршка од својата публика. Но, и покрај тоа јас не ги гледам како фаворити во утрешниот меч. Тој што ќе има повеќе среќа утре, тој ќе победи. Искрено се надевам дека нашите голмани ќе имаат свој ден бидејќи тоа може да биде решавачко во вакви дуели“ – истакнува „првата виолина“ во романскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

