Неапол е на нозе: Де Бруине му кажа „ДА“ на Де Лаурентис

Навивачите на Наполи неколку дена го прославуваат четвртото шампионско скудето, а во меѓувреме добија и уште една голема причина за славје – Кевин де Бруине ја прифати понудата на Де Лаурентис и ќе биде првото големо засилување на „сино-белите“ за наредната натпреварувачка сезона.

Белгиецот е слободен играч по истекот на договорот со Сити, веќе најави дека нема да игра за „граѓаните“ на клупскиот мундијал, а во меѓувреме доби интересни понуди од Саудиска Арабија, како и од американската МЛС-лига. Сепак, Де Бруине сакаше да остане во Европа верувајќи дека на 34-годишна возраст може се уште да игра на највисоко ниво, поради што приоритет им даде на преговорите со Наполи.

Начелно е прифатено тој да ја мине следната година во дресот на „наполитанците“ за вкупно 10 милиони евра нето (вкупно плата плус бонус за потпис на договор). Потоа, двете страни ќе седнат на маса да разговараат за активирање на клаузулата за втората година од договорот.

Белгискиот фудбалски генијалец е на одмор со семејството, а италијанските медиуми најавуваат дека на 2 јуни ќе дојде на Апенинскиот полуостров, па по деталните лекарски прегледи ќе следи и потписот на договорот со новиот италијански шампион.

Се вчитува...