Неапол „гори“ – Наполи ја слави четвртата титула во Серија А (ВИДЕО)

Десетици илјади навивачи на Наполи од петокот вечерта го окупираа градот кој е фудбалски епицентар на Апенините.

Фудбалерите на шампионот на Италија продефилираа низ улиците на градот во отворен автобус и на тој начин го прославија освојувањето на Скудетото.

Ова беше втора титула за Наполи во последните три години, што на многу начини се поврзува со титулите што клубот ги освои со Диего Армандо Марадона, првите две во историјата, во сезоните 1986/87 и 1989/90 година.

Сега херои беа Мектоминај, Ди Лоренцо, Лукаку, предводени од Антонио Конте на клупата.

Прославата ќе биде уште поголема доколку шпекулациите во медиумите за можното доаѓање на Кевин Де Брујне во клубот се покажат како точни.

Се вчитува...