Наполи експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Јувентус од минатиот викенд, славејќи со 2-1 над Фиорентина за останување во трката за највисок плассман.
Навивачите на италијанскиот првак дефинитивно имаат нов миленик, 23-годишниот Антонио Вергара кој постигна гол за памењето против Челси во ЛШ, а вечерва блесна и на домашната сцена.
Токму Вергара го постигна водечкиот погодок за „наполитанците“, и тоа со извонреден спринт откако зеде топка на половина од теренот и успеа да го матира гостинскиот голман. На 2-0 на самиот почеток од второто полувреме со прекрасен удар од петнаесетина метри зголеми Гутиерез, а се што успеа да стори Фиорентина до самиот крај беше утешниот погодок на Соломон во 57. минута.
Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за својот тим во оваа 14. овосезонска победа за „наполитанците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

