Актуелниот шампион на Купот на Македонија Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот кој од 11. до 13. мај ќе се игра во Охрид за противник го доби дебитантот во оваа фаза од натпреварувањето РК Алкалоид.
Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски по ждрепката која се случи во просториите на Ракометната федерација на Македонија излезе со изјава за овој меч.
„Секој меч е нова битка, нова приказна, нов предизвик. На крајот од сезоната нема веќе лесни натпревари. Со Алкалоид сезонава се сретнавме четирипати, и тие покажуваат дека напредуваат од меч во меч. Секој ривал го репсектираме, и така е секогаш. Знаеме дека Купот е меч во кој нема поправен. Решаваат нијаси во квалитетот. Пред нас е период на многу важни средби, и целосно сме фокусирани на овој дел од сезоната. Единствено посакувам да бидеме комплетни и здрави, и да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна во Македонија“, вели Недановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА