Тренерот на Вардар, Владо Недановски, имаше причина за задоволство по триумфот на „црвено-црните“ над Татран во рамките од третото коло од СЕХА-лигата.
Како што најавија и пред натпреварот, „вадарци“ се покажаа во далеку подобро светло во однос на поразот во првото коло во Словачка, стигнувајќи и до посакуваните „плус пет“ за подобар скор во меѓусебниот дуел со Татран.
„Навистина добра партија во една одлична атмосфера. Денеска ситуацијата на теренот беше различна, ова беше сосема поинаков Вардар бидејки можевме да сметаме на дел од нашите најважни играчи. Имавме доволно време да се подготвиме, што беше забележливо иако се уште правевме грешки во нападот. Нивниот голман не беше на нивото од првиот меч, а ние бевме далеку пофокусирани. Верувам дека штом ни се вратат сите ракометари на кои во моментов не можеме да сметаме, ќе бидеме уште подобри“, изјави Недановски по победата над Татран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА