Aктуелниот шампион во Купот на Македонија, Вардар одбраната на титулата ја продолжува со дуелот против Охрид. Овој викенд во СЦ „Јане Сандански“ тие се домаќини на четвртфиналана група од Купот на Македонија каде покрај Вардар ќе бидат уште и екипите на Охрид, Јуниор КВ и Скопје.
Во полуфиналето Вардар во сабота од 17 часот се среќава со Охрид, и победникот од тој меч ќе игра со победникот од средбата меѓу Јуниор КВ и Скопје.
Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски вели дека со овој меч против Охрид почнува серијата на силни натпревари.
„Почнува серија на силни мечеви, но сега сме фокусирани за Охрид. Тоа е квалитетен тим, играат добар ракомет, и имаат искуни играчи. Покажаа дка кога играат со Вардар се супер мотивирани. Агресивни се сите 60 минути. На последниот меч што го игравме тешко поминавме. Ние се подготвуваме како и за секој меч. Нема многу поразлично да биде од досегашните. Вардар е фаворит, и секако одиме на победа. Имаме повредени, со мали или посеирозни повреди. Ова е втор дел од сезоната. Нормалено е тоа, но секако не се тоа големи проблеми. Не размслуваме за што понааму, туку само за овој меч што е пред нас. Од понеделник ќе почнеме да се подготвуваме за Еурофарм Пелисер“, изјави Недановски.
Слично размислува и бекот Марко Мишевски…
„Мотивацијата за секој меч е висока. Одиме на победа без разлика на каков меч играме. Се измачивме во Охрид на претходниот дуел. Квалитетен тим се. Имаат некои нови играчи, но нема со што да не изнанадат, Знаеме каков им е квалитетот. Да го потенцирам пивотот Бојаниќ кој даде добри партии со нас, но сега и бековите одиграа добар меч. Сите позиции им се добро покриени. Нема посебен играч што се двои. Ние со наша одбрана и контра и полуконтра ќе успееме да триумфираме“, изјави Мишевски.
Распоред на натпревари
18 март (сабота) – СЦ „Јане Сандански“ (мала сала)
17 ч. ВАРДАР – Охрид
19 ч. Јуниор КВ – Скопје
19 март (недела)
17 ч. Финале
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА