ЕКИПА во Анталија, Турција
Горан Бошев
Вардар уште од сега ја почна потрагата по заменик за тренерот Гоце Седлоски, кој од лето целосно ќе ја преземе функцијата селектор на Македонија.
Ова го потврди извршниот директор Миленко Неделковски од Анталија, каде што кажа дека веќе разговарал со двајца тренери, и странци и домашни.
Едниот странец веќе откажал поради селекторски ангажман.
„Бевме во преговори со тренер кој во меѓувреме стана селектор на Словенија. Исто и со вторито странец кој прифати селекторска позиција. Така што ова прашање останува отворено, изјави Неделковски, и додаде:
„И домашни тренери се во опција. Да кажам дека не се кандидати Милевски, Ѓорѓиоски, Грнчаров, Ангеловски“, додаде извршниот директор на Вардар.
Неделковски додаде дека клубот ќе биде предводен од Седлоски и во настапите во Европа летоска, па дури потоа ќе седне неговата замена.
„Ќе видиме, ќе направиме Седлоски да ги одработи подготовките пред Европа, па да дојде примопредавањето и новиот тренер да ја преземе екипата подготвена“, рече Неделковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

