ЕКИПА во Анталија, Турција
Горан Бошев
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски од Анталија кратко зборуваше за сагата околу Роџерс Мато. Мато веќе има потпишано за Хартс за од лето, но Неделковски изрази надеж дека целиот случај ќе заврши позитивно.
Шкотскиот тим објави дека рпрезентативецот на Уганда ќе се приклучи од лето како слободен играч, а сега Неделковски само кусо коментираше:
„Комуникацијата со Хартс е на високо ниво, и се надеваме целиот овој случај ќе заврши позитивно за сите страни“, изјави кусо Неделковски.
Вардар подоцна објави дека ја прифати понудата од Канзас за Мато, но во меѓувреме тој имаше потпишано за Хартс, по што пропадна можноста да замине во тимот на САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

