Неделковски: „Вардар нема проблем Седлоски да биде селектор и да го води клубот до крај на сезона и во Европа“

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски на денешната прес-конференција денеска во тренинг центарот на „црвено-црните“ индиректно потврди дека актуелниот тренер на клубот, Гоце Седлоски е и главниот кандидат за наследник на Благоја Милевски на клупата на македонската репрезентација.

Неделковски истакна дека Вардар нема проблем Седлоски да биде во следните шест месеци и селектор на Македонија, но и да го води тимот до крајот на актуелната сезона и во Европа.

„Може само да кажам дека Гоце Седлоски и овој стручен штаб ќе го водат клубот до крај на сезоната и во Европа. Седлоски има договор и останува до крај во Вардар. Но, Вардар нема проблем Седлоски да биде и во репрезентација и во Вардар, иако не знаеме дали ќе биде на репрезентација. Впрочем има примери на имиња кои работат во клубот и се дел од репрезентациите. Така да од тој аспект воопшто не е проблем“ – истакна Миленко Неделковски.

Се вчитува...