Недев и Белазелкоска најдобри во традиционално карате за 2025 година (ФОТО)

На Универзитетот Скопје се одржа традиционалниот Избор за најдобри каратисти за 2025 година, во организација на Македонската традиционална карате федерација (МТКФ).

На настанот беа прогласени најдобрите каратисти во сите возрасни категории – од деца до сениори. За најдобри сениори за 2025 година беа избрани Дејан Недев во машка и Антонија Белазелкоска во женска конкуренција.

Во јуниорска и кадетска конкуренција, за најдобри во 2025 година се прогласени Матеј Магаровски – јуниорска конкуренција, и Камелија Недев и Ненад Јекиќ – кадетска конкуренција.

Во категорија деца, за најдобри беа прогласени Филип Недев (11–12 години), Максим Поп Трпев (9–10 години) и Тадеј Недев и Мартина Зафировска (7–8 години).

За најуспешен тренер беше прогласен Аљоша Недев, а за најуспешен судија – Јадранка Недева.

Со посебно признание за придонес во развојот на карате спортот беа одликувани Борко Ристоски, министер за спорт, и проф. др. Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје, кој повеќе од 20 години несебично и континуирано ја поддржува работата на МТКФ и развојот на традиционалното карате во Република Македонија.

Се вчитува...