Недеви добитници на највисоки карате титули од страна на ИТКФ Шихан-Каи комитетот

На денешниот состанок на ИТКФ Шихан Каи комитетот беше донесена едногласна одлука за доделување на високи карате титули на истакнати членови на ИТКФ.

Сосема очекувано од Македонија, специјални титули добија д-р Венцислав Недев – 10 Дан, (највисоката карате титула), доц. д-р Дејан Недев – 7 Дан и д-р Аљоша Недев – 7 Дан.

Покрај нив, ИТКФ Шихан Каи комитетот ги одликува со високи звања и: Катсуја Ишијама (Венецуела) – 10 Дан, Вајо Салас (Перу) – 10 Дан, Крис Манце (Јужна Африка) – 9 Дан, Мигуел Вега (Перу) – 9 Дан.

Сите добитници на високите карате признанија се истакнати светски каратисти, инструктори, тренери и спортисти кои дале огромен придонес во развојот на ИТКФ и традиционалното карате во светот. Сертификатите ќе бидат свечено доделени наредната година, за време на ИТКФ Светскиот шампионат кој ќе се одржи во Копер, Словенија.

Се вчитува...