Недеви на врвен карате семинар во Глазгов

Македонските каратисти Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов од 16 до 18 aвгуст учествуваат на врвен карате семинар во Глазгов, Шкотска.

Семинарот е во организација на Шкотската традиционална карате федерација под водство на легендарниот карате мајстор Сенсеи Масао Кавазое 9 дан и повеќекратниот кумите шампион на Јапонија, Сенсеи Кеисуке Немото 6 дан.

На семинарот учествуваат преку 250 каратисти од повеќе земји од светот. Учеството на вакви врвни семинари се од големо значење за развојот и напредокот на македонските каратисти во традиционално карате.

Се вчитува...