Ндерим Неџипи е назначен на нов спортски директор на косовскиот клуб Балкани. По заминувањето од Шкупи, каде што работеше од 2024 година, Неџипи реши да ја продолжи својата кариера во Косово.
Својата играчка кариера ја почна во младинската школа на Слога Југомагнат (денешен Шкупи), а подоцна настапуваше за бројни клубови во Европа вклучувајќи ги Херта, Волфсбург, Вардар, Работнички, Лирс, Карабах, Шкендија, Васлуи, Партизани…
Повторното враќање во Балкани каде веќе работеше претставува нов предизвик за поранешниот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

