Шпанија не дозволи апсолутно никакво изненадување во првиот натпревар од Групата 1 во втората фаза на Европското првенство 2020. „Црвената фурија“ едноставно ја збриша Чешка победувајќи со убедливи 31-25.
Уште од почетокот на дуелот очигледна беше разликата во квалитет меѓу двете селекции. Шпанците на полувремето веќе имаа предност од пет гола (14-9), а во второто полувреме продолжија во ист стил, имаа предност и од десет гола разлика, но на крајот си дозволија опуштање за конечни 31-25.
Најефикасни во победничкиот тим беа Душебајев и Фернандез со по пет погодоци, додека кај Чесите најефикасен беше Здрахала со осум гол. Кашпарек мечот го заврши со шест запишани погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА