Недоразбирањата оставени на страна – Аријан Адеми капитенски ќе го предводи Динамо Загреб против Локомотива

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми ги живее најбурните времиња од својот долгогодишен престој во хрватскиот гигант Динамо Загреб. Изминатите денови хрватските медиуми излегоа со илјадници различни вести за незадоволството на Адеми во клубот.

Имено, тој побарал трансфер, а од клубот не сакале да го пуштат. Околу целата ситуација со интервју излезе и вториот Македонец кај „модрите“, Стефан Ристовски кој вели дека „некои злобни луѓе сакаат да направат немир во тимот“.

Очигледно сите работи Адеми ги има ставено на страна и вечерва ќе им помогне на своите соиграчи во мечот на домешен терен против Локомотива Загреб. Натпреварот е со почеток во 17.10 часот.

 

 

Се вчитува...