Црвена Звезда со „брејк“ во првиот гостински натпревар во финалната серија на АБА лигата против Партизан успеа да го освои престижниот трофеј и да се закити со титулата регионален шампион.
По натпреварот за медиумите говореше и Немања Недовиќ кој сениорската кариера ја започна во „црвено-белите“ редови настапувајќи за овој тим од 2008 до 2012 година пред да замине на пат од Европа до Соединетите америкнаски држави и НБА лигата.
Недовиќ во првиот мандат во Црвена Звезда не се закити со трофеј, а за него ова е прв во АБА откако се врати во тимот во 2022 година па не го криеше задоволството.
„Чувството е фантастично. Замислував како би било да победиме денеска, но ова е уште подобро. Полн сум со емоции. Овој момент баш долго го чекав. Бев дел од тимот кога беше најтешко. Да ја освоиш АБА со Црвена Звезда е нешто посебно“, изјави Недовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА