Недовиќ: Омразата во Србија никогаш не била поголема

Кошаркарот на Црвена звезда Немања Недовиќ даде интервју за „Еурохупс“ во кое зборуваше за ривалството со Партизан, како и за разните случувања во европската кошарка.

Откако ги доживеа и атинското и белградското дерби, тој го спореди ривалството меѓу Олимпијакос и Панатинаикос со она на нивните „вечни“ ривали во Србија.

„Бев во Грција пред две години и играв против Олимпијакос. Секогаш е тензично и има одлична атмосфера во салите „ОАКА“ и „Мир и пријателство“. А потоа отидов во Црвена звезда и можам да кажам дека омразата меѓу Звезда и Партизан никогаш не била поголема од сега. Бев прилично изненаден од тоа“, изјави Недовиќ.

Се вчитува...