Недовиќ по Монако: Самите сме си виновни, фрлавме топки во бунар кога беше најважно

Големо е разочарувањето во таборот на Црвена Звезда откако белградскиот тим го претрпе првиот пораз на домашен терен, од екипата на Монако која до синоќа беше без триумф во Евролигата.

Немања Недовиќ беше видно бесен по натпреварот, вината насочувајќи ја кон самите кошаркари на Црвена Звезда кои потфрлиле во клучните моменти, играјќи ја катастрофално четвртата четвртина.

„Пресуди последната четвртина во која игравме многу слаби. Не ја ценевме доволно топката, воопшто не го ценевме трудот што го вложивме во првите три четвртини, да бидеме „егал“ во силен ривал. Самите ги фрлавме топките во бунар кога требаше да погодуваме, ни недостигаше одговорност кога се решаваше натпреварот. Треба добро да размислиме и да анализираме, овие почетнички грешки да не ги повториме во иднина“, критичен беше Недовиќ.

Црвена Звезда шанса за поправен ќе има веќе утре, кога ќе гостува во Италија на тимот на Виртус Болоња.

Се вчитува...