Недовиќ: Сега има плачење, кукање, како и пред мечот… Иста приказна три години!

Црвена Звезда го освои Купот „Радивој Корач“ на Србија откако во финалната пресметка по продолжение славеше против Партизан. Немања Недовиќ реши да не дава изјава пред финалето, но по мечот сепак имаше што да каже.

Српскиот кошаркар не остана имун на приказните кои кружеа пред натпреварот, па по мечот отворено го искажа својот став.

„Немам што да кажам, бидејќи вниманието од нашата победа би се пренасочило на други работи. Истата приказна е веќе три години. Сега има плачење, како и пред мечот, кукање насекаде. Среќен сум поради трофејот и фокусирани сме само на себе“ – изјави Недовиќ, на сакајќи да навлегува повеќе во детали.

„Не знам што друго да кажам. Ова е она што го чувствувам“.

Се вчитува...