Недовиќ со порака за навивачите на Будуќност: Ми се гадите!

Кошаркарот на Црвена звезда Немања Недовиќ беше централна фигура на мечот, кој практично сам го реши во „Морача“ против Будуќност од Подгорица.

Црвено-белите победија со резултат 73-75, благодарение на 24 поени на Недовиќ (6/8 за тројки) со три скока и исто толку асистенции. За време на натпреварот тој беше нападнат од навивачите на домашниот тим, популарните „Варвари“, кои го навредуваа, како и неговата сопруга, на што не остана имун.

Всушност, тоа го направи во текот на натпреварот, бидејќи не му пречеше да го наполни кошот на Будуќност до врвот, на чии навивачи одговори по натпреварот.

Најпрвин Недовиќ објави слика со сопругата Мина и неговата ќерка заедно со емотикони, а симболично сликата е од море. Потоа, Недовиќ објави и видео од познатиот рапер Дрејк, кој на своите критичари им го кажува следново:

„А вие останатите, вие неверниците, оние што не постигнуваат успех, тие што бришат твитови, ми се гадите браќа“, рече Дрејк во видеото, порака која Недовиќ им ја посвети на навивачите на црногорскиот клуб. 

Се вчитува...