Сериозно се тресе клупата на Масимилијано Алегри во Јувентус. Слабите резултати веројатно ќе му „пресудат“ на тренерот на „бјанконерите“ во идниот период, доколку не се случи пресврт и Јувентус не врзе серија на победи.
Италијанските медиуми известуваат дека Павел Недвед во случај на оставка или отказ на Алегри, клупата да ја презеде никој друг, туку Антонио Конте. Актуелниот тренер на Тотенхем е првиот избор на Чехот, и покрај тоа што е во лоши односи со челниците на Јувентус. Но, и натаму е во добри односи со Недвед.
Конте го врати Јувентус на тронот во Серија „А“ со три титули по ред, но не се раздели на добар начин, затоа што не му биле доведени засилувања кои ги барал, односно „Старата дама“ не беше тогаш во можност да вложува пари како што е случајот сега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА