Недвед: Никој не ни кажал дека Роналдо сака да си замине

Јувентус денеска ги стартуваше подготовките за наредната сезона под водство на новиот тренер Масимилијано Алегри. На првата прозивка отсуствуваа десетина фудбалери кои учествуваа на ЕВРО 2020 и на Копа Америка, но главна тема меѓу фановите на „старата дама“ е дали Кристијано Роналдо и во следната сезона ќе биде дел од овој клуб.

Не е тајна дека Јувентус сака да го продаде, но и дека Роналдо би си заминал доколку добие интересна понуда. Проблемот е во тоа што никој не е подготвен да плати богатство за португалскиот ас кој се ближи до крајот на кариерата, а чија плата во Јуве изнесува 31 милион евра.

„Роналдо доаѓа, ќе дојде, не се грижете… Никој од неговиот табор не ни соопштил дека сака да си замине. Моментно е на одмор, но на 25 јули ќе се приклучи на подготовките“, им порача Павел Недвед на навивачите собрани пред тренинг-центарот на Јувентус.

Се вчитува...