Недвед предложил „шут-карта“ на Алегри, но не добил поддршка

Јувентус нема намера да го отпушти Масимилијано Алегри, и покрај тоа што во последно време е под критики од јавноста за слабите резултати во Серија „А“ и во Лигата на шампионите.

„Кориере дела Сера“ пишува дека потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед предложил да му се „покаже вратата“ на Алегри, но не добил поддршка од челниците на клубот. Ова се случувало на состанокот со претседателот Андреа Ањели, спортскиот директор Федерико Черубини и извршниот директор Маруцуо Аривабене. Ањели и Аривабене не му искажале поддршка на Недвед.

Главната причина за ваквиот потег е тоа што при евентуален отказ, Алегри ќе добие 21 милиони евра отштета. Тоа не им се допаѓа на првите луѓе на „бјанконерите“, па затоа веројатно ќе му дадат уште една шанса на тренерот.

Се вчитува...