Легендарниот чешки фудбалер Павел Недвед (46), кој сега ја извршува потпретседателската функција во италијанскиот првак Јувентус, се разведе од сопругата Ивана по 25 години брак. Тој веднаш влета во нова љубовна врска со двојно помлада девојка од себе. Новата избраничка Луси Ановчикова има 23 години и Недвед со неа веќе се појави на една фудбалска промоција во Лондон.
Интересно е дека новата девојка е само една година повозрасна од неговата ќерка Ана. Павел Недвед од бракот со Ивана го има и синот Вацлав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА